Континуирано професионално усовршување

17 Мај 2017

Законот за вршење сметководствени работи, член 19, пропишува задолжителни обуки за сметководители и овластените сметководители заради надградување на знаењето во областа на сметководството.

Сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

Согласно Законот, овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.
Обуката ја организира и спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области.
По завршување на обуките сметководителот, односно овластениот сметководител полага испит за проверка на знаењето.
Испитот го организира Институтот најмалку еднаш годишно, а го спроведува Комисија за спроведување на испитот составена од:
1) две лица предложени од министерот за финансии,
2) еден универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран од Институтот по пат на јавен оглас и
3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот.

Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално усовршување. Секое прашање и вежба носи одреден број поени.
Комисијата ги подготвува испитните прашања и вежби ги утврдува поените и ги оценува тестовите.
Испитот се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени.
Начинот на спроведување и полагање на испитот поблиску ја пропишува Институтот.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69