Најнови информации

Јавниот интерес на донациите во финансиски средства, добра и услуги, чиј примател на донацијата се буџетските корисници, со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од Коронавирусот COVID 19, се смета за утврден согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности (,,Службен весник на РСМ’’бр.103/2020).

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/2020), се утврдува ослободување од данок на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник за справување со Коронавирусот Covid-19.

Прашање:

Прашањето е за Финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана
од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.
Имено, се работи за Друштво ДООЕЛ со 15 вработени, од кои само еден вработен користи мерка од ,,Македонија вработува,,т.е.ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Дали Друштвото воопшто ќе може да добие финансиска поддршка, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (за 14-те вработени за кои не користи никакво ослободување)?

Прашање:

Самостоен вршител на дејност (паушалец) што плаќа месечни аконтации. Дали аконтациите за Март, Април и Мај треба да се исплатат во иднина како обврска или целосно се ослободени?

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес во Медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија одржа прес конференција посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба за време на вонредна состојба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година и Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Почитувани,

Прашање од наш член во врска со финансиската помош за СВД и појаснување на истото.
Во врска со финансиската помош за СВД кој има плус двајца вработени, за плата за месеците април и мај 2020 сакам да ве прашам:
Дали за сопственикот поднесувањето ќе оди преку Е-ПДД со барање БФС-СВД, а за неговите вработени, преку Е-TАХ со барање БФП-ИП и во МПИН шифра 619?

Во врска со прашањето ве известуваме следното:

Согласно Уредбата за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска под- дршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (,,Службен весник на РСМ’’ бр. 97/2020), финансиската поддршка за исплата на плати може да се користи и за сопственици односно основачи на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управители, прокуристи, односно застапници по закон и членови на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија кои се поврзани со актуелната состојба и појавата на Ковид-19 (корона вирус) нашата канцаларија превзеде низа активности за првенација за заштита на вработените и членовите на Институтот. На web страната на Институтот хронолошки објавени се сите Уредби со законска сила донесени од Владата на Република Северна Македонија. Доколку имате конкретни прашања врска објавените Уредби поставете прашање/а на следните меил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.очекувајте ги во најкраток можен рок писмен/ите одговори на вашите мелови сите прашања и одговори ќе бидат објавени и на web страната на Институтот.

Страница 9 од 110

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69