Најнови информации

20 ноември 2019, Скопје - Од денеска, пред очите на јавноста, ставаме финансиски податоци за над дванаесет и пол милиони трансакции. Стандардите се поставени. Секогаш кога некое министерство, агенција или државна управа ќе извршат уплата на пари, трансакцијата, во рекордно време, ќе биде јавно достапна за увид на сите во државата, соопшти претседателот на Владата Зоран Заев на прес-конференцијата на која се промовираше веб-платформата „Отворени финансии“ (open.finance.gov.mk).

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.8 %), Административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.0.%) и Преработувачка индустрија (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25 435 денари.

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”.

„ФинХакатон 2“:МојДДВ,#МојаНаграда е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересирани компаниите во својот тим ќе биде потребно да вклучат и студенти со најмалку запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.4 %), Уметност, забава и рекреација (9.1 %) и Административни и помошни услужни дејности (9.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.2 %) и Уметност, забава и рекреација (2.0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37 797 денари.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Известување,

За членовите на Институтот на сметководители и овластени сметководители
Ве известуваме дека постојат податоции за вработувања на наши членови кои недостасуваа во официјалните регистри што се водат согласно член 29 од Законот за вршење на сметководствени работи

Вкупно запишани овластени сметководители во соодветниот регистарот се 7.945 и нема информација за вработување кај 277 сметководители или ~3.48%
Вкупно запишани сметководители во соодветниот регистар е 1.543 и нема информација за нивното вработување кај 113 сметководители или ~7.32%

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 1.4 % на месечно ниво, а за 7.1 % на годишно ниво.

Во септември 2019, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.5 %.

Во септември 2019, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 8.1 %.

Страница 7 од 92

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69