Најнови информации

Денес Управата за јавни приходи го достави и второто Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување опфатени се 4962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 377,921,509 денари.
Согласно второто Известување, вкупниот износ на одобрени финасиски средства за исплата на плати за месец април 2020 изнесува 885,868,773 денари за вкупно 10 103 фирми.
Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија по нивната финална обработка.

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба (,,Службен весник на РСМ’’ бр.123/2020), се утврдува дека за веродостојни сметководствени документи врз основа на кои се водат трговските книги се сметаат и скенирани документи доставени по електронски пат.
Согласно уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.
Уредбата стапи на сила на 13.05.2020 година.

Управата за јавни приходи денес достави Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за вкупно 5141 работодавачи кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година.
Износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507,947,264 денари.
Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид -19 , заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија по нивната финална обработка.

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТА
Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот.

Отворена е е-маил адреса преку која граѓаните и компаниите може да поставуваат прашања за Уредбите кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија а што се реализираат преку Управата за јавни приходи. Почитувани, на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. поставете ги Вашите прашања и дилеми, а даночните службеници ќе одговорат во најкраток рок.
Поставете прашање за остварување на правото, начин на поднесување, услови на користење дадени во секоја од Уредбите а за кои се поднесуваат барањата:
 

Во Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID – 19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (,,Службен весник на РСМ’’ бр.113/2020), се утврдува дека за времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година) бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, во однос на бројот на вработени во месец април 2020 година, не смее да се намалува, освен заради:

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба (,,Службен весник на РСМ’’ бр.116/2020), се променуваат условите за користење на субвенцијата.

Согласно измените, за користење на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување работодавачот треба да ги исполни следните услови:

Страница 6 од 110

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69