Најнови информации

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,
Ве известуваме дека заради проблемите кои ги има нашиот закуподавач Технометал Вардар Скопје во стечај со неизмирените обврски на комунални услуги, каде досега бевме под закуп, бевме приморани најитно да ги промениме деловните канцаларии на определено време,
кои од утре Вторник 24 Декември 2019 година ќе се наоѓаат на ул. Црвена скопска општина бр. 10 Скопје (во деловните простории на Сојузот на сметководители на Република Македонија)

Со почит,

ИСОС

Централниот регистар најави дека на почетокот на февруари следната година ќе го стави во функција регистарот на вистински сопственици којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Секој потенцијален субјект законски е обврзан да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор. Секој удел на физичкото лице во кој било правен субјект, без оглед дали е два, пет, 50 или 100 проценти треба да биде внесен во регистарот.

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Почитувани,

Во продолжение предложени измени на законот за вршење на сметководствени работи.

 

Предложени измени и дополнување

 

Со почит,

Исос

Почитувани,

Во продолжение измените и дополнувањата на законот за данок на добивка во собраниска процедура


Измени и дополнувања

 

Со почит,

ИСОС

Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 декември, со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ. Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе трае една година, и за тој период ќе се доделат две премии од по 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стигне порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација. За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од по 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања.

Страница 5 од 92

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69