Најнови информации

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, денеска, се сретнаа со претставници на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), предводени од претседателката Ленче Папазовска.
Ве известуваме дека апликацијата МојДДВ е достапна и за корисниците на IOS системите. Апликацијата можете да ја преземете и од Аpp store како и од следниот линк https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785Доколку не сте регистрирани на системот е-Персонален данок регистрирајте се. Вашата е-пошта и лозинка ќе ги користите како најава во апликацијата Мој ДДВ. Преземете ја апликацијата и скенирајте фискални сметки и остварете го правото на 15% поврат од пресметаниот ДДВ.
Кој е законскиот основ за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лицаЗаконот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 33 од 28.06.2019 година и се применува од 1 Јули 2019 година. За кои фискални сметки не се однесуваат одредбите од Законот Фискални сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност. Фискални сметки кои се издадени заедно со сметките кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 98.9, а индексот на цените на мало 99.3. Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20.3 %, трбушките за 0.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0.2 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 0.5 % на месечно ниво, а се повисоки за 2.5 % на годишно ниво. Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.9 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %. Во мај 2019, во споредба со мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.9 %.   Соопштение Табели
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2019 за долгови доспеани до 31.03.2019 и неплатени до 30.06.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
Почитувани членови на ИСОС,На ден 05.07.2019 година Управниот одбор на ИСОС одржа седница.Во продолжение линк од записникот на седницата * Записник од седница 05.07.2019 * Записник од собрание 05.07.2019 Со почит,ИСОС
Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.
Почитувани, Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија сака да Ве информира дека од неодамна, нашата услуга, е-базата на прописите со редакциски пречистени (консолидирани) текстови на закони, е достапна и како мобилна апликација. Цената за 12 месеци изнесува 4.500,00 денари, меѓутоа првата инсталација на мобилната апликација има промотивен период од три месеци без надоместок. Сметаме дека мобилната апликација е мошне потребна алатка за членовите на Вашата комора, кои постојано имаат потреба од следењето на националното законодавство.

Известување од УЈП - Мој ДДВ

Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ. Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на “е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69