Најнови информации

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2020 за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.8 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.5 % на годишно ниво. Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 %. Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.3 %.

Во ,,Службен весник на РСМ’’ бр. 24/2020 објавен е Правилникот Правилник за формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка.

Согласно одредбите на Правилникот, пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка се поднесува на образец „ДД-РВ” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат.

 

Формата и содржината на образецот се дадени во Прилог на оваа објава.

Образец ,,ДД-РВ”

Во ,,Службен весник на РСМ’’ бр. 21/2020 објавен е Правилникот за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност.

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Почитувани,

Во врска со објавените јавните повици за:

* Учество во Комисијата за проверка на преводот;
* Превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ);
* Лекторирање на преводот на македонски јазик

Ве молиме писмото за интерес заедно со пропратната документација која е наведена во повикот,да се достават во затворен плик со назнака на повикот за кои се пријавуваат заинтересираните лица.


Со почит
ИСОС

ЈАВЕН ПОВИК - КОМИСИЈА

ИНСТИТУТОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА објавува ПОВИК за прибирање на писма за интерес од страна на физички лица за учество во Комисијата за проверка на преводот од англиски јазик на македонски јазик на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС)

 

Страница 1 од 92

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69