Најнови информации

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 111.0.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.2 %, Капитални производи за 17.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 103.8, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 109.8.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

Почитувани членови на ИСОС,
На ден 11.09.2019 година Управниот одбор на ИСОС одржа седница.
Во продолжение линк од записникот на седницата

* Записник од седница 11.09.2019

* Допис до МФ

Со почит,
ИСОС

Почитувани,

Во продолжение возниот ред на мобилните даночни шалтери на УЈП за месец Септември

* Возен ред

Линк од оригиналната вест

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна 4.13 %, додека најмала е стапката во секторот Љ - Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.24 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2019 година, во споредба со јули 2019 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.4 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.

Страница 1 од 81

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69